Почитувани, задоволство нѝ е да ве известиме дека нашите ученици поминаа одлично на денешниот општински натпревар по англиски јазик и успеаја да го осигураат нивното место на регионален. Огромна благодарност до сите учесници, нивните родители и ментори! We did it again!




На општинскиот натпревар по биологија кој се одржа во Среда на 9-ти Февруари нашите ученици имаат одлични резултати:
-Ива Додевска 9в прва награда,
-Стефани Митровска 9в прва награда,
-Софија Лазиќ 8а втора награда,
-Мелани Стојановска 8б втора награда,
-Јован Петрушевиќ 8в втора награда и
-Теодора Арсевска 8г втора награда.
Сите се пласираа на регионален натпревар. БРАВО на сите. Горди сме на вас, ви посакуваме подобар успех понатаму!!!!!
_________________
На општински натпревар по природни науки, одржан на 11.02. нашите ученици од 5то одделение, под менторство на наставник Елена Ангеловска ги постигнаа следниве резултати:
- Евалин Дурова Va I награда;
- Ана Стевановиќ Va I награда;
- Алекс Стојилковиќ Vб II награда;
- Сара Алексовска Vб II награда;
- Јован Коцевски Vг II награда;
- Лана Стојановска Va II награда;
- Лука Ѓориќ Vб III награда;
- Теодора Анѓеловска Vв III награда;
и сите добиваат пласман за регионален натпревар
- Лина Димковска Vб учество;
- Кристина Станковска Vв учество.
Честиткии до сите ученици, многу успех и на следните натпревари!
___________
На општинскиот натпревар по математика што се одржа на 19.02 2022 г.во организација на СММ нашите ученици од петто одделение постигнаа одлични резултати и се пласираа за учество на регионален натпревар:
1.Лина Димковска - I награда, ментор Александра Павловска
2.Алекс Стојилковиќ- I награда, ментор Александра Павловска
3.Андреј Насевски - I награда, ментор Данијела Стефановска
4.Марко Тодоровски - II награда, ментор Данијела Стефановска
5.Ангел Антевски - II награда, ментор Маја Стефановска
6.Јован Митровски - III награда, ментор Данијела Стефановска
7.Ангел Димковски -пофалница, ментор Александра Павловска






На награден литературен натпревар организиран од страна на ЈОУ Библиотека "Тане Геoргиeвски" - Куманово по повод месец на книгата нашиот ученик, Сара Алексовска од Vб одделение под менторство на Александра Павловска во конкуренција од петто до деветто одделение го освои третото место.
Честитки за наградата!


СВЕТСКИ ДЕН НА ХРАНА 16 ОКТОМВРИ!

 

 Во рамките на проектот ,,Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем , а по повод ,одбележување на ,,Светскиот ден на храна,, 16 Октомври ,денеска во централното училиште и во подрачното училиште во с.Тромеѓа,беа одржани неколку работилници за здрава храна.Во подрачното училиште во с.Тромеѓа покрај изложба богата со цртежи и изработки на учениците,беа подготвени вкусни оброци во училишната кујна и поставени штандови за дегустација на истите.Во активностите земаа учество сите паралелки од ПОУ во с.Тромеѓа.Видеа со подготовка на здрави рецепти во домашни услови,ликовни и литературни творби и низа работилници успешно завршија и учениците од второ,трето,четврто и петто одделение во централното училиште заедно со своите ментори.Во пријатна атмосфера ,истакнувајќи ја потребата од здрава и разновидна исхрана ,со почитување на протоколите,нашите вредни ученици и наставници ,уште еднаш покажаа голем интерес за меѓусебна соработка и учество во активностите.

СВЕТСКИ ДЕН НА ПЕШАЧЕЊЕ!

 

 Пешачењето е еден од наједноставници облици на спортување и задоволство со кое се намалуваат секојдневните тензии. Пешачењето е значајно за организмот што му дава бројни здравствени бенефити.Ја подобрува работата на срцето и белите дробови,ги јакне мускулите на нозете и сл.Бидејќи денес бевме спречени од временските услови ,овој ден да го одбележиме со прошетка во природа ,во блиската околина,не бевме спречени да спортуваме со најмалите наши ученичиња од прво одделение во нашата спортска сала и да организираме натпревар во одење,под менторство на наставниците по физичко и здравствено образование.

Пролет на сребрените соништа

Поетска манифестација "Пролет на сребрените соништа", оддржана во Центар за култура "Ацо Караманов" - Радовиш на ден, 09.10.2021 година. Честитки Сара

Меѓународен фестивал на хумористична детска поезија

 

Во Лазаревац, Република Србија, се одржа Меѓународен фестивал на хумористична детска поезија.Учествуваа ученици од земјите од регионот и преку смеа се дружеа и соработуваа.Творбите на нашите ученички Дора Стојковска и Мелани Бранковска од седмо одделение, под менторство на проф. по македонски јазик Весна Алексова, се најдоа меѓу најдобрите.Нека смеата ги обединува детските срца и во иднина. Честитки!

Инфо Ден


Во просториите на нашето училиште, беше одржан Инфо-ден на кој нашиот Ученик правобранител, Илина Стојановска (заедно со својата заменичка) ги запозна присутните ученици со своите активности, задачи во училиштето, одржа кратка презентација за правата на децата, но и нивните обврски.Воедно, беше одржан и првиот состанок на новиот состав на Ученичката заедница.Присуствуваа претседателите на одделенските заедници.Беше избрано, со тајно гласање, Претседателството на УЗ: Ива Додевска-претседател и Исмет Асановски-заменик.Истите ќе ги застапуваат интересите на учениците и ќе присуствуваат на состаноците на Училишниот одбор.Беа избрани и координатори по генерации и беше направен план за работа на следните состаноци. Работата на УЗ ја координираат професорките Весна Алексова и Габриела Бошковска, членови на Тимот за ресурсен пакет.


едукативен филм,,Сообраќаен буквар,,

 

Во соработка со секторот за превенција при СВР Куманово,од страна на претставниците на секторот беше презентиран едукативниот филм,,Сообраќаен буквар ,,за учениците од второ и трето одделение,во нашето училиште.Со подршка на стручната служба во училиштето успешно беа одржани презентациите,а учениците ги надополниа своите познавања од основните сообраќајни правила.

 

Месецот на книгата! 


Во петок (14.ХI 2014) во нашето училиште се одржа завршната манифестација по повод Месецот на книгата, настан што традиционално се организира секоја година од страна на Градската библиотека ,,Тане Георгиевски“. Имавме чест да бидеме домаќини на наши другарчиња и на нивните ментори од сите основни и средни училишта. Тие оваа година се натпреваруваа на тема ,,Сликам и раскажувам за јунаците од книгите“. На најдобрите уметници и поети, директорката на Градската библиотека , г-ѓа Нада Ивановска им додели дипломи и пригодни награди. Меѓу наградените имаше ученички и од нашето училиште и тоа Теодора Стоевска од 8-а која освои II награда во конкуренција за најдобра прозна творба и Глорија Спасовска од 8-г која освои III награда за поетска творба. На наградените им честитаме и им посакуваме успеси и во иднина. Почесен гостин на Манифестацијата беше мајсторот на пишаниот збор, нашиот драг писател Горја Петревски кој присутните ги почести со дел од своето творештво. Посебно им се заблагодаруваме на родителите кои присуствуваа и ја поддржаа акцијата ,,Прочитав јас-прочитај и ти“, акција која има за цел преку размена на книги да ја зајакне соработката меѓу училиштето и родителите.

Хуманитарна акција!


Подмлаткарите на Црвен Крст (ПЦК) од нашето училиште денеска реализираа хуманитарна акција под мото ,,Од мене, за тебе - подари со љубов“. Целта на истата беше да се подари ученички прибор за да се измами насмевка на лицата на оние ученици на кој тој им е неопходен. Во акцијата зедоа масовно учество многу ученици и нивните наставници. Голема благодарност до сите што ја поддржаа акцијата и за нивната несебична хуманост!!