Give 5: A Healthy Living Toolbox - the whole school programе

 

ќе се реализира во периодот од септември 2017 до август 2019 година. Училиште-координатор на проектот е Szkola Podstawowa nr 3 z Oddzialami Integracyjnymi im. Adama Mickiewicza  од Полска , а партнер-училишта се: ООУ „Христијан Карпош“, Македонија; CEIP Ciudad de Mérida, Шпанија; Istituto Comprensivo"J.Stella", Италија; Jale Necdet Özbelge Ilkokulu, Турција, Agrupamento de Escolas de Moure e Ribeira do Neiva, Португалија, SCOALA GIMNAZIALA IZBICENI, Романија  и Klaipedos Versmes progimnazija, Литванија .

 

Целите на проектот се:

 

§  Да се создадат нови, подобрени форми и методи кои активно ќе се употребуваат за успешна интеграција на еколошка едукација во секојдневната настава;

 

§  Да се подигне свеста кај учениците, како и пошироката локална заедница за важноста на здравата исхрана и хигиената за правилен раст и развој, како и како превенција од разни заболувања;

 

§  Да се подигне свеста за придобивките од рекицлирањето;

 

§  Да се создаваат пријателства надвор од границите на државите.

 

§  Да се помогне во градењето на довербата, на начин што ќе им се овозможи на учениците од различни земји да се запознаат и да создадат меѓусебно разбирање, да работат заедно во рамките на заедниците и да создадат културолошка толеранција.

 

§  Како наставници, да се создадат можности за соработка на заедниците низ целиот свет, ширејќи го учеството во меѓукултуролошкиот дијалог, користејќи го интернетот за меѓусебна комуникација како граѓани на дигиталната ера и овозможувајќи поголем пристап до најразлични светски перспективи и мислења.

 

§  Да се поттикнат интересите на учениците за другите земји и култури.

 

§  Да се мотивираат учениците да учат странски јазици.

 

§  Да им се овозможи на наставниците да го подобрат своето знаење и сфаќање за образовните системи во другите земји.

 

§  Да се подобрат социјалните способности и културолошките сфаќања на сите учесници.

 

§  Да се споделат информации за нашата земја, град (географска положба, популација, историја, споменици) како и за нашето училиште (ученици, наставници, организација и др.).

 

§  Со помош на ИКТ да се стекнува знаење и да се врши дисеминација.

 

§  Да се направи споредба на традицијата на сите партнери со секојдневниот модерен живот.

 

§  Да се даде поддршка на сите учесници во развојот на нивните социјални вештини со интерактивни активности.

 

 

 


Избор на Лого за Проектот

Во рамките на Еразмус+ КА219 проект проектот   „Give 5: A Healthy Living Toolbox - the whole school programе”, , предвидена е активноста Избор на лого за Проектот. Секое партнер-училиште ќе спроведе конкурс за најдобро логои  ќе избере 1 лого, кое ќе влезе во потесниот избор за лого на целиот проект. За време на активноста учениците ќе создаваат слики инспирирани од идејата за здраво живеење.

 

Како дел од предвидените активности во рамките на проектот   „Give 5: A Healthy Living Toolbox - the whole school programе”, од страна на наставниците Милица Тимчевска и Лидија Николиќ беше организиран конкурс за избор на лого за проектот.

 

Вкупно 45 ученици ги претставија своите идеи за лого. Изработките беа поставени на видливо место во холот на училиштето, каде што беа поканети сите ученици и наставници да гласаат за идејата која најмногу им се допаѓа.

Логото на ученикот Дарио Петровски, од 7д  одделение, беше прогласено за најдобро лого, со најмногу освоени гласови. Истото лого беше обработено и дигитализирано на часовите по информатика и претставено на координативната средба во Лубско, Полска.


Прв интернационален координативен состанок во рамките на Еразмус+ КА219 проектот „ Give 5: A Healthy Living Toolbox - the whole school programе “

Во рамките на Еразмус+ КА219 проектот „ Give 5: A Healthy Living Toolbox - the whole school programе беше одржан првиот интернационален координативен состанок во периодот од 15-19.10.2017 година во Лубско, Полска. На состанокот присуствуваат членови од партнер-училиштата од Турција, Италија, Романија, Шпанија, Литванија, Португалија и Македонија. Од нашето училиште беа присутни членовите на проектниот тим Лидија Николиќ, одделенски наставник и Милица Тимчевска, професор по англиски јазик.

 

Цели на состанокот беа:

 

§  меѓусебно запознавање на партнер-училиштата;

 

§  разгледување на општите цели на проектот;

 

§  презентација и разгледување на веќе спроведените активности и изработка на акциски план на планираните активности и состаноци во рамките на проектот;

 

§  распределба на одговорностите и планирање на активностите од првата година на проектот;

 

§  организација на активностите за дисеминација;

 

§  организација на активности за евалуација и следење на проектните активности и исходи;

 

§  одржување на надгледни часови-примери на добра пракса со примена на CLIL методологија ( јазично-интегрирано учење) ;

 

§  дискусија и анализа на постоечките програми за интеграција  – размена на искуства и добри пракси;

 

§  развивање на меѓукултуролошкиот дијалог помеѓу партнер-училиштата и подобрување на знаењата и сфаќањата за образовните системи во другите земји.