INTEGRATING STEM WITH CLIL
ќе се рeализира во периодот од септември 2017 до август 2020 година. Училиште-координатор на проектот е ST BRIGID'S PS TIRKANE од Велика Британија , а партнер-училишта се: ООУ „Христијан Карпош“, Македонија; ZPO , Szkola Podstawowa im. S. Zeromskiego w Strawczynie, Полска ; Scoala Gimnaziala Numarul 5, Романија, OZEL KIRSEHIR KOLEJI, Турција и Hazelwood Primary School, Велика Британија.
Целите на проектот се:
Овој проект е целосно во согласност со Европската стратегија за развој на образованието за надминување на проблемот со дефицитот на работни вештини.
§ Да се создадат нови, подобрени форми и приоди за работа, кои би резултирале со зголемување на мотивацијата кај учениците, како и зголемување на нивниот интерес за изучување на предметите од областа на природните науки, како и странските јазици.
§ Да се подигне свеста на учениците за важноста на изучување на природните науки, како основа при избор на идните занимања и кариери.
§ Да се подобрат професионалните вештини на наставниците преку дисеминација, како и размена на добра пракса со наставници од партнер-училиштата;
§ Да се создаваат пријателства надвор од границите на државите.
§ Да се помогне во градењето на довербата, на начин што ќе им се овозможи на учениците од различни земји да се запознаат и да создадат меѓусебно разбирање, да работат заедно во рамките на заедниците и да создадат културолошка толеранција.
§ Како наставници, да се создадат можности за соработка на заедниците низ целиот свет, ширејќи го учеството во меѓукултуролошкиот дијалог, користејќи го интернетот за меѓусебна комуникација како граѓани на дигиталната ера и овозможувајќи поголем пристап до најразлични светски перспективи и мислења.
§ Да се поттикнат интересите на учениците за другите земји и култури.
§ Да се мотивираат учениците да учат странски јазици.
§ Да им се овозможи на наставниците да го подобрат своето знаење и сфаќање за образовните системи во другите земји.
§ Да се подобрат социјалните способности и културолошките сфаќања на сите учесници..
§ Да се направи споредба на традицијата на сите партнери со секојдневниот модерен живот.