По завршувањето на поцесот на селекција на пристигнатите апликации за рокот за аплицирање кој траеше до 29-ви март 2017 година, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ги објави резултатите од одобрените грантови од подакцијата КА219 – македонски училишта како партнери во проекти со други земји. ООУ „Христијан Карпош“ е едно од рангираните училишта со одобрени грантови за 3 Еразмус + проекти, „Integrating STEM with CLIL” , „European Information Network: Active Learning Effective Teaching at School” и „Give 5: A Healthy Living Toolbox - the whole school program”. Стратешки партнерства во полето на образование, обука и млади се проекти на соработка кои им овозможуваат на организациите да ги подобрат своите мерки, да разгледуваат прашања од заеднички интерес и да споделуваат иновативни практики.
Одобрени се следните проекти:
Give 5: A Healthy Living Toolbox - the whole school programе ќе се рализира во периодот од септември 2017 до август 2019 година. Училиште-координатор на проектот е Szkola Podstawowa nr 3 z Oddzialami Integracyjnymi im. Adama Mickiewicza од Полска , а партнер-училишта се: ООУ „Христијан Карпош“, Македонија; CEIP Ciudad de Mérida, Шпанија; Istituto Comprensivo"J.Stella", Италија; Jale Necdet Özbelge Ilkokulu, Турција, Agrupamento de Escolas de Moure e Ribeira do Neiva, Португалија, SCOALA GIMNAZIALA IZBICENI, Романија и Klaipedos Versmes progimnazija, Литванија .
Целите на проектот се:
§ Да се создадат нови, подобрени форми и методи кои активно ќе се употребуваат за успешна интеграција на еколошка едукација во секојдневната настава;
§ Да се подигне свеста кај учениците, како и пошироката локална заедница за важноста на здравата исхрана и хигиената за правилен раст и развој, како и како превенција од разни заболувања;
§ Да се подигне свеста за придобивките од рекицлирањето;
§ Да се создаваат пријателства надвор од границите на државите.
§ Да се помогне во градењето на довербата, на начин што ќе им се овозможи на учениците од различни земји да се запознаат и да создадат меѓусебно разбирање, да работат заедно во рамките на заедниците и да создадат културолошка толеранција.
§ Како наставници, да се создадат можности за соработка на заедниците низ целиот свет, ширејќи го учеството во меѓукултуролошкиот дијалог, користејќи го интернетот за меѓусебна комуникација како граѓани на дигиталната ера и овозможувајќи поголем пристап до најразлични светски перспективи и мислења.
§ Да се поттикнат интересите на учениците за другите земји и култури.
§ Да се мотивираат учениците да учат странски јазици.
§ Да им се овозможи на наставниците да го подобрат своето знаење и сфаќање за образовните системи во другите земји.
§ Да се подобрат социјалните способности и културолошките сфаќања на сите учесници.
§ Да се споделат информации за нашата земја, град (географска положба, популација, историја, споменици) како и за нашето училиште (ученици, наставници, организација и др.).
§ Со помош на ИКТ да се стекнува знаење и да се врши дисеминација.
§ Да се направи споредба на традицијата на сите партнери со секојдневниот модерен живот.
§ Да се даде поддршка на сите учесници во развојот на нивните социјални вештини со интерактивни активности.
European Information Network: Active Learning Effective Teaching at School ќе се рализира во периодот од септември 2017 до август 2020 година. Училиште-координатор на проектот е Talatpaşa Ortaokulu од Турција , а партнер-училишта се: ООУ „Христијан Карпош“, Македонија; Gesamtschule Ückendorf, Германија ; ISTITUTO COMPRENSIVO STATALE GIOVANNI PAOLO II, Италија; Viialan Yhtenäiskoulu, Финска, Agrupamento de Escolas de Frazão, Paços de Ferreira, Португалија и Zespol Szkol w Pobiedziskach.
Целите на проектот се:
§ Да се создадат нови, подобрени методи за зголемување на мотивацијата кај учениците, како и зголемување на нивниот интерес за активно учество во самиот воспитно-образовен процес;
§ Да се создадат нови, подобрени форми и методи за работа со ученици со пречки во развоја, како и на ученици кои наидуваат на потешкотии при совладување на наставниот материјал;
§ Да се подобрат професионалните вештини на наставниците преку дисеминација, како и размена на добра пракса со наставници од партнер-училиштата;
§ Да се создаваат пријателства надвор од границите на државите.
§ Да се помогне во градењето на довербата, на начин што ќе им се овозможи на учениците од различни земји да се запознаат и да создадат меѓусебно разбирање, да работат заедно во рамките на заедниците и да создадат културолошка толеранција.
§ Како наставници, да се создадат можности за соработка на заедниците низ целиот свет, ширејќи го учеството во меѓукултуролошкиот дијалог, користејќи го интернетот за меѓусебна комуникација како граѓани на дигиталната ера и овозможувајќи поголем пристап до најразлични светски перспективи и мислења.
§ Да се поттикнат интересите на учениците за другите земји и култури.
§ Да се мотивираат учениците да учат странски јазици.
§ Да им се овозможи на наставниците да го подобрат своето знаење и сфаќање за образовните системи во другите земји.
§ Да се подобрат социјалните способности и културолошките сфаќања на сите учесници..
§ Да се направи споредба на традицијата на сите партнери со секојдневниот модерен живот.
INTEGRATING STEM WITH CLILќе се рализира во периодот од септември 2017 до август 2020 година. Училиште-координатор на проектот е ST BRIGID'S PS TIRKANE од Велика Британија , а партнер-училишта се: ООУ „Христијан Карпош“, Македонија; ZPO , Szkola Podstawowa im. S. Zeromskiego w Strawczynie, Полска ; Scoala Gimnaziala Numarul 5, Романија, OZEL KIRSEHIR KOLEJI, Турција и Hazelwood Primary School, Велика Британија.
Целите на проектот се:
Овој проект е целосно во согласност со Европската стратегија за развој на образованието за надминување на проблемот со дефицитот на работни вештини.
§ Да се создадат нови, подобрени форми и приоди за работа, кои би резултирале со зголемување на мотивацијата кај учениците, како и зголемување на нивниот интерес за изучување на предметите од областа на природните науки, како и странските јазици.
§ Да се подигне свеста на учениците за важноста на изучување на природните науки, како основа при избор на идните занимања и кариери.